Homepage
 
Пребарување
Македонија
ПРАВИЛА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА 
Информации за приватноста на нашите страници
Прибирање на информации и употреба

Ериксон е единствен сопственик на сите информации собрани од оваа страна. Ние нема да ги продадеме, поделиме или изнајмиме овие информации на други на начини поинакви од она што е објавено во оваа изјава. Ериксон може да собира информации од нашите корисници на повеќе различни точки на нашиот веб сајт. Исто така, Ериксон може да ги пренесе собраните информации на било која релевантна единица во рамки на Ериксон, лоцирана било каде во светот.

Генерални барања

Доколку корисникот го контактира Ериксон со генерално барање, тој можеби ќе треба да ги даде личните информации на Ериксон (на пример детали за контакт). Ериксон ќе ги користи овие лични информации да одговори на неговото барање и да ја следи понатамошната кореспонденција. Исто така, информацијата ќе се користи за да се добијат статистички податоци во врска со доставувањето одговор, итн. Ова се прави со групирање, и при тоа не се задржани индивидуални имиња или други лични податоци. Собраните Лични податоци не се користат за никаква друга цел.

Cookies

Cookies се мали текстуални досиеа кои веб страната ги трансферира на корисничкиот (посетителски) хард диск или пребарувач за додадена функционалност или следење на користењето на овој сајт. Со цел да се мери ефективноста на нашата интернет присутност, Ериксон може да ги користи овие досиеа за да ја одреди патеката која корисниците ја бираат на нашиот сајт и да ги идентификува повторните корисници на нашиот сајт. Ние не ги користиме овие досиеа за да прибираме лични информации како што се личното име или e-mail адресата.

Овие досиеа можат да бидат снимени на хард дискот, но таканаречените сесијски cookies се снимени единствено во пребарувачот и се бришат по неговото затварање. На ericsson.com страната (и сличните на нејзе главни индексни страни), користиме досиеа кои се снимени на хард дискот и таму остануваат по затварањето на пребарувачот. Ваквите досиеа ја одредуваат патеката која корсникот ја бира на нашиот сајт и исто така ги идентификува повторните корисници на сајтот, иако не по имиња или email адреси. На другите страни на сајтот, користиме сесијски досиеа за да ја одредиме патеката која корисникот ја бира на сајтот. На некои страни, може да користиме несесијски досиеа.

Возможно е да се подеси Вашиот пребарувач да ги одбива ваквите досиеа (cookies) со промена на подесувањата или преференците на пребарувачот. Доколку сакате да го направите ова, Ви препорачуваме да ги консултирате информациите обезбедни во пребарувачот или да го контактирате произведувачот на пребарувачот за помош и упатства.

Секоја информација собрана со помош на овие досиеа се акумилира со групирање и на анониман основа.

Примери на користењето на cookies вклучуваат:

Претплати

Доколку корисникот сака да се претплати на информации од Ериксон како на пример прес соопштенија или финансиски извештаи, ние ја бараме email адресата. Ериксон ќе ја користи оваа e-mail адреса само да ја прати бараната информација; ние нема да испратиме неморални или нелегални информации.

Како да се претплатите и да ја откажете претплатата: Корисниците можат да ја почнат или откажат претплатата во секое време со пополнување на формуларот на http://www.ericsson.com/ericsson/press/subscribe/.

Нарачки, анкети и наградни игри

Ние бараме информации од корисникот на нашиот формулар за нарачка. Тука корисникот море да ги обезбеди информациите за контакт (како име и адреса на достава) и, понекогаш, финансиски информации (број на кредитна картичка, дата на истек на нејзината важност). Овие информации се употребуваат за фактурирање како и за исполнување на нарачките на корисникот. Доколку имаме проблем со обработката на некоја од нарачките, овие информации се употребуваат за да стапиме во контакт со корисникот.

 

Од време на време на нашиот сајт може да побара информации од корисниците преку анкети или натпреварувања. Учеството во овие анекти или наградни игри е целосно доброволно, и корисникот затоа може да избере дали сака или не да ги даде овие информации. Бараните информаци можат да вклучуваат информации (како име и адреса) и демографски информации (како пол, години, ниво на образование). Информациите од анкетите ќе бидат користени во цели на следење и унапредување на користењето и задоволството на овој сајт. За наградните игри, информациите за контакт ќе бидат употребени за регистрирање на учесниците, известување на победниците, додела на наградите и сл.

Услуги на трети лица

Ериксон може да се поврзе со други заради пружање на посебни услуги. Кога корисникот ќе побара такви услуги, ние ќе ги дадеме имињата или контактните информации како третата страна би можела да ги пружи тие услуги.

 

На овие лица не име е дозволено да употребат било која од прибраните лични информации освен за цел на обезбедување на овие сервиси. Ние не ги делиме собраните демографски информации со нашите партнери и огласувачи.

Посебни мрежи

Посебните мрежи обезбедуваат на клиентот посебни содржини и функции. За да овој сајт би можел да соодветно ги исполни обврските на Ериксон кон главните клиенти, мораме заеднички да се договориме кој персонал може да пристапи кон специфичните содржини или да ги користи специфичните функции на овие посебни мрежи. Ериксон користи cookies заедно со дополнителни безбедносни механизми, за да ги идентификува и следи регистрираните корисници кои пристапуваат кон овие посебни мрежи или други ограничени за пристап делови од www.ericsson.com и неговите домени.

Поврзување со други интенет места

Овој сајт може да содржи линкови кон други сајтови. Ериксон не е одговорен за практиката и правилата за заштита на приватноста на такви други сајтови. Ги упозоруваме корисниците да бидат внимателни кога го напуштаат нашиот сајт и да ги читаат изјавите за приватноста на секој друг сајт на кој влегуваат, а ги собирира личните податоци за идентификација. Оваа изјава за приватност во целост се применува на информациите прибрани од овој сајт.

Промени во Ериксоновите правила за заштита на приватноста

Ериксон може, од време на време, да направи промени на своите правила за заштита на приватноста. Затоа предлагаме да корисниците на овој сајт од време на време повторно да ги погледаат овие правила.

Како да го контактирате Ериксон за правила за приватност

Нам ни е важно да чуеме што корисниците мислат за нашите серивиси и правила. Доколку корисниците на овој сајт имаат било какви прашања, грижи или забелешки за овие правила за приватност, или би сакале да не известат што мислат за секој наш производ или услуга, можат да го употребат нашиот формулар за Прашања и одговори кој е достапен од скоро секоја страна на овој сајт.

Скокни на
Сродни линкови